itarpejo.org
Толе Паша II том – Стале Попов | Mariovo - Itar Pejo
ТОЛЕ-ПАША - ВТОР TOM - СТАЛЕ ПОПОВ Уредник ВИДОЕ ПОДГОРЕЦНИК "НАША КНИГА"СКОПЈЕ 1976.ТОЛЕ ВОЈВОДАПреку Вепрчани и Гудјаково Толе прејде преку Црна уште истата вечер, и веќе се советуваше со Риза Ушков во Врпско на кој начин да се набави што повеќе оружје. — Така, браќа, така. Ќе и мешаме капите со агите, шо' ќе и мешаме, ами гледајте прибирајте понекое пусатче да ви се најде, — им зборуваше Толе па Врпчанци, Жиовци, Витоливци, Полчивци и другите селани од неговиот реон, покажувајќи им ја својата куса малихера, накована со жолти черечиња и половини лири.И навистина, уште истото лето од секое село беа одредени по два тројца луѓе и отидоа в поле, на жетва, со аргатите по разни турски чифлизи. Тие фатија "трговија" со полјаците, ќаите, та дури и по понекој чифлигар и сите се вратија со по една две пушки, а потоа продолжија со "трговијата".— Та за што ти се, Митре, тебе две три мартинки? Да не мислиш да бркаш валијата од Битола? — некако се приближи до вистината Раиф Ефендија од