itarpejo.org
Светецот – фреска на Св. Никола во атарот на село Старавина | Mariovo - Itar Pejo
Живописната природа на река Лешница со години ги привлекувала учениците од селата Будимирци, Старавина, Зовиќ, Груниште и Градешница за пикник локација да ја изберат месноста "Светецот", така наречена по фреската на една висока карпа. Не се знае точно од кога потекнува оваа фреска, но познато е дека за време на Првата светска војна на тоа место постоела Руска војничка капела, за што сведочи следната фотографија на која јасно се гледа дека се работи за фреска на која е претставен Св. Никола, со текст под неа кој поради лошиот квалитет на фотографијата не е читлив. Дали фреската е нацртана во тоа време или пак токму таа била причината на тоа место да се смести капелата, од расположливите информации не може точно да се утврди. Факт е дека за време на Првата светска војна во близина на ова место минувала линијата на фронтот и на овој сектор покрај српската, имало стационирана и во помал број руска војска. Француска карта со позициите на војските и линиите на продор - 15