itarpejo.org
ШТО Ε ЈАСНА МЕСЕЧИНА – лирска песна | Mariovo - Itar Pejo
Што е јасна месечина, што е моме за крадење; да го крадеш и да бегаш, да го носиш планината; бушни буки ладни сенки, ладни сенки за седење, студни води за пиење, меки ковиљ за спиење, мало моме за гушкање..Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦАМАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВОАвтор: БОЖО СТЕФАНОВСКИИздавач: БИГОСС – СкопјеСКОПЈЕ 1995Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години. Вид на песна: љубовна