itarpejo.org
Мал Холивуд – Село Штавица во Општина Прилеп | Mariovo - Itar Pejo
Село Штавица е лоцирано на југоисточната страна на Прилепско Поле во Општина Прилеп. Над селото поминува патот кој води до Мариово преку преминот Слива, што воедно е и одлична можност да го посетите ова село. Сместено на 800 м надморска висина, селото е оддалечено 18 км од Прилеп. Ова село е познато и како Мал Холивуд или Македонскиот Холивуд, односно тука се снимени дел од сцените на филмовите "Пред дождот" и "Прашина" на Милчо Манчевски. Црква "Рождество на Пресвета Богородица" Објект - црква изградена за потребите на филмот "Прашина"