itarpejo.org
Рожден (Rozden) село во Тиквешко Мариово | Mariovo - Itar Pejo
Рожден се наоѓа на крајниот југозападен дел на територијата на Општината Конопиште, под источната падина на планината Козјак. Селото е планинско, на надморска височина од 920 метри. Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 81,9 км2. На него доминираат шумите на површина од 6.939 ха. на обработливото земјиште отпаѓаат 436 ха, а на пасиштата 270 ха. Селото има полјоделско - шумарска функција. Во селото постои црква "Св. Спас". Во 1872 година, старата црква. за којашто не се знае кога била изградена, била разурната, а во 1874 година на нејзините темели била обновена и тогаш живописана. Од населбата се иселил голем број од популацијата и таа преминала од средно, во мало село, населено со македонско население, но доведено во фаза на раселување. Селска слава: Христовото вознесение- Спасовден (40 дена по Велигден) Број на жители по години: Вкупно Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Останати Рожден 28) (Конопиште) 1961 681