itarpejo.org
Романија за време на Првата светска војна | Mariovo - Itar Pejo
Состојбите на Македонскиот фронт во текот на целата Прва светска војна, во голема мера зависеле и од состојбите на останатите фронтови, особено од Романскиот. Романија која била богата со ресурси и нафта била посакуван сојузник и од двете завојувани страни, но и покрај ветувањата за територии, на почетокот на војната таа останала неутрална, иако им дозволувала проток на залихи преку нејзината територија на Централните сили. Сепак, поттикната од успехот на Русија во 1915-16 г и ветувањата за нови територии, летото 1916 г започнува преговори со силите на Антантата за нејзино приклучување во војната, што резултирало со потпишување на таен договор на 18 Август 1916 и објавување на војна на Австро-Унгарија на 27 август 1916 г.На почетокот Романија забележала успех во воените операции, по што Германија пренасочува значителни сили на овој фронт и под команда на генералите Фалкенхајн (Erich von Falkenhayn) и Мекензен (August von Mackensen) започнува голема офанзива, во која освојува поголем