itarpejo.org
Месност Пет Чешми, Мариово | Mariovo - Itar Pejo
Месноста Пет Чешми во близина на границата со Грција е едно од попознатите места кај локалното население. Ова е местото од каде се добива водата за локалниот водовод, па поради тоа, од пет видлива е само една чешма. Живописната природа и исклучително погодната клима, ја прават оваа локација исклучително погодна за планински туризам. ВАЖНОЗа жал како и многу други локации во Мариово, оваа локација е достапна само со теренско возило и се препорачува пред тргнување на пат, добро да се проучи трасата, затоа што посетителите лесно можат да се изгубат по големиот број планински патишта. Доколку немате теренско возило, а сакате да ја посетите оваа локација или пак некоја друга локација во Мариово, можите да изнајмите Џип Такси.Повеќе информации околу изнајмување на Џип Такси, можете да добиете на следниот емаил:itarpejo.org@gmail.com