itarpejo.org
Семејните односи пo Мариово | Mariovo - Itar Pejo
Подробното опишување на мариовската куќа има строга функционалност во романот "Крпен живот". Таа е всушност главниот локалитет во кој се одвива романескното дејство и токму таквите околности ја диктираат етнопсихолстијата на двата главни женски лика во романот: Митра и Доста, односно нивната страсна приврзаност кон материјалните интереси, во името на подобриот, поимотниот утрешен живот, каков што веќе е реализиран во денешното Мариово. Во градењето на роменскното дејство Стале Попов тргнува од претпоставката: Што се случува во Мариово кога на мариовецот ќе му умре жената и останува вдовец? Таму тоа е вистински проблем, зашто тешко се наоѓа жена. Затоа почнува општа грижа Се интересираат комшивките, сваќите, а посебно оние на кои тоа им е работа: сводниците или "кодошите", како што ги наречува нашиот писател. Тие посредуваат меѓу вдовецот и вдовицата, со мошне убедливото настојување: "Јас оваа кошула а носа една година здрава, три а носа крпена". - вели сводникот Петко Балето,