itarpejo.org
Градешница (Gradesnica) Мариово – родното село на Итар Пејо | Mariovo - Itar Pejo
Селото Градешница, родното место на Итар Пејо е лоцирано по течението на Градешка река, чија што природна убавина го разубавува погледот кон селото кога се пристапува до него. Градешница е ридско село и лежи на надморска височина 800 метри на 52 км од Битола. Не се знае кога точно настанало селото, но според археолошките наоди може да се утврди дека на ова место постоел континуитет на живеење дури од праисторија. Доказ за ова е керамиката декорирана со спирали вградена во црквата Св. Ѓорѓи, во горниот дел на селото. Она што малку луѓе го знаат е тоа дека во ова село во 1952 г е пронајден и заб од Мастодонт, еден од деветте примероци од Мастодонт пронајдени во Македонија, кој денес се чува во Природниот музеј во Белград. Селото го слави празникот Св. Илија – Илинден, кога во манастирот во близина на селото се собираат голем број на иселеници и жители од другите мариовски села. Црква Св. Димитрија, с. Градешница Црквата Св. Димитрија во село Градешница е една од најстарите во