itarpejo.org
ПРИНЦЕЗАТА МАРИЈА ВО МАРИОВО – предание за настанок на името | Mariovo - Itar Pejo
Марија била некоја принцеза. Србите викаа дека била ќерка на некој српски велможа, или кнез, или не знам шо бил. Исто и Бугарите. И тие кажуваа оти таа била ќерка на бугарски велможа или кнез, или шо било тамо. Била убавица ногу. И како убавица ja зеле, ja заробиле, ja купиле. Toгај се купуале луѓето као стоката и ja однесле во Цариград. Му се допаднала на царот, ja купил царот од татко и. Таа била ногу интелигентна убавица. Можела чисто да го совлада царот. Царот во неа онака многу, многу нешто гледал, имала интелигенција, била учена тоа време. Коа дошла веќе во стари, во постари годиње, веќе поминало она младинското време побарала од царот, некако сама си замислила, премислила: "Сакам jac да се вратам, сакам jac да се вратам пак во својата религија, во својата вера." Царот толку шо ja засакал неа и рекол: - Шо сакаш тоа ке ти одбера! И тaja помислила да и даде едно место каде ќе го сврши тамо животот, да биде тоа определено место един вид као свој, нејзин имот. И царот и