itarpejo.org
Манастир (Manastir) село во Прилепско Мариово | Mariovo - Itar Pejo
Манастир се наоѓа на западната страна во прилепскиот дел на областа Мариово и и припаѓа на територијата на Општината Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 38 км. Атарот зафаќа простор од 15,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 253 ха, на пасиштата отпаѓаат 705 ха, а шуми, речиси нема. Селото има полјоделско - сточарска функција. Во 1954 година во населбата бил откриен манастир "Св. Никола", во којшто една зачувана фреска потекнува од 1560 година. Населбата Манастир е мала, во фаза на раселување. Селска слава: Митровден - Свети Великомаченик Димитрија (8 Ноември) Број на жители по години: СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ за Мариовската нахија во Име на селото Манастирец Дефтер бр. 4 од 1476/77 Хане 35 Неженети 2 Вдовици 6 Годиш. приход 2678 Дефтер бр. 16 од1481/82 Хане 35 Неженети Вдовици Годиш. приход