itarpejo.org
ЛОЖИНА – Игра за деца од Мариово | Mariovo - Itar Pejo
Учесници: Група на деца или младинци. Материјал: За секој учесник по една прачка (дренова или врбова). Опис на играта: На определена линија сите учесници клекнуваат и одлево надесно еден пo еден искуцуваат со своите прачки. Оној учесник кој најмалку ќе искуца губи и ги собира сите прачки. Својата прачка на растојание од неколку чекори ја положува, а останатите, од истата лииија од каде ги искуцуваа своите прачки, се обидуваат секој со својата прачка пo истиот ред (одлево кон десно) да искуцаат па и да ја погодат (зафатат) положената прачка. Од кога сите учесници ќе искуцаат, тогаш прачката што е положена нејзиниот сопственик ја поместува на најоддалечената точка што некој од играчите ја постигнал со својата прачка. Играчот кој прв изгубил ја положува својата прачка се додека не биде промашена неговата прачка од сите играчи. Кога тоа ќе се случи, тогаш ги зема сите прачки и искуцувајќи пo ред (кој како излегувал-промашувал) се обидува, макар само со една прачка да ја зафати својата