itarpejo.org
Крушевица (Krusevica) село во Прилепско Мариово | Mariovo - Itar Pejo
Крушевица се наоѓа на северозападната страна на територијата на Општината Витолиште, во прилепскиот дел на Мариово. Селото е ридско, на надморска височина од 759 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 26 км. Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 27,6 км2. На него пасиштата заземаат површина од 1.316 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 1.190 ха, a на шумите само 28 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција. Во него работи основно училиште до IV одделение, а има и земјоделска задруга. Поради емиграција на населението, Крушевица преминала од средна, во мала населба. Број на жители по години: Вкупно Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Останати Крушевица 104) (-) 1948 555 .. .. .. .. .. .. .. .. Крушевица (Дуње) 1953 599 597 0 0 0 0 1 .. 1 Крушевица (Мариово) 1961 637 633 0 0 0 0 4 0 0 Крушевица (Прилеп) 1971 595 593 0 0 0 .. 1 .. 1 Крушевица (Прилеп) 1981 284 283 0 0 0 0 0 .. 1 Крушевица (Прилеп) 1991 146 146 0 0 0 0 0 0 0 Крушевица