itarpejo.org
Кофа со злато за Добро Поле – приказна од Мариово | Mariovo - Itar Pejo
Во селата во Мариово постои приказна дека пробојот на Добро Поле за време на Првата светска војна, бил купен за кофа злато, која непознат француски ја дал на бугарски генерал. Дел од постарите жители, така самоуверено ја кажуваат оваа приказна, човек да помисли дека и самите присуствувале на предавањето на поткупот. Нормално, далеку од разум е дека некој би можел да посведочи за ваков настан, ама не можеме а да не се запрашаме дали има вистина во оваа приказна и од каде потекнува таа. Добро Поле Во месец октомври 1928 г, додека во тогашна Југославија се одбележува 10 годишнината од завршувањето на Првата светска војна, во Бугарија се случува интересен судски спор поврзан со пробојот на Добро Поле. Вдовицата на генералот Иван Луков, за изнесена навреда врз нејзиниот сопруг, го тужи бившиот министер Добри Петков, кој во својата брошура "Виновници за пропаста на Бугарија" (Виновниците на погрома на България през септември 1918 г.), го обвинува највисокото раководство на