itarpejo.org
КАМИЛИЦА (БОЛИВАЧ – MATRICHARIA CHAMOMILLA, ПОПАДИКА, БЕЛ ПАПОК, КАМОМИЛА) | Mariovo - Itar Pejo
Камилицата е едногодишно растение, високо до 60 см. со разгрането стебло. Лисјата се нежни, перјесто разделени, долги од 3 до 6 см. Цветовите се сложени, со цветни дршки, долги 3 до 10 см, составени од жолти цветови, опкружени со бели цветови.Камилицата расте на напуштени места, во дворови, покрај патишта и ниви. СОСТАВ:Камилицата содржи етерско масло, горчливи материи, флавониди, куморини, танини, слузини, смоли, холин, фитостерол и друго.За лек се собира и употребува надземниот дел, односно исушени цветови. УПОТРЕБА:Камилицата се употребува уште од најстари времиња па и ден денес, како едно од најлековитите растенија во светот, со многу широк спектар на дејствување слично како и ајдучката трева.Чајот од Камилица благопријатно делува на слузината на желудникот, цревата и жолчката, гастритис, чир на желудник и дванаесетпалечното црево, колит.Камилицата се употребува при болки и воспаленија на слузокожата на устата и грлото, при кашлица, за полесно