itarpejo.org
ИТАР ПЕЈО РАЗМИСЛУВА КАКО ДА ВЛЕЗЕ BO РАЈОТ | Mariovo - Itar Pejo
Остарел веќе Итар Пејо и почнал да мисли за "Оној свет". Слушал овде на земјава, дека за влегување во рајот требало многу и тешки услови да исполни човек. Да не мрси, да не прави лошо на луѓето, да не се кара, да не се тепа, да ги почитува поповите и владиците, да оди в црква, да пали свеќи, да се моли на бога и светците, да не пцуе, да не задева туѓи жени . .. Се знае ли какви ли не услови поставил господ за да може да влезе во тие убавини што се викаат рај? А Пејо наш дури беше млад ич не ги бркаше овие работи. Мрсеше (кога ќе најдеше) и на Велики петок — постеше и на Божиќ (ако немаше); се караше и се тепаше со секого што би го навредил и предизвикал. Ги пцуеше и господ и Богородица ако го налутеа нешто. За целиот свој живот не влезе в црква, та ниедна свеќа не запали, ни половина кило масло не однесе да му светне на Ристоса и неговите апостоли и светци. Кој мариовец не би заденал туѓа жена? Само ако не му излегла пред пушка. Таков си беше и наш Пејо — како сите мариовци. И таков,