itarpejo.org
Itar Pejo – МАЛО НЕДОРАЗБИРАЊЕ – Итар Пејо, смешки и шеги | Mariovo - Itar Pejo
Се облече нашиот Пејо во војнички алишта и стана војник од глава до пети. Mope нови цокули, нови увијачи, чакшири, блуза та дури и нова капа — шајкача му дадоа. Протера со неа малку вицови со своите мариовци, ја шири, ја стеснува де однадвор де одвнатре и најпосле ја кладе на глава скоро на десното уше. Ја удри капата на страна, значи. Се поприбра, од вчерашната. тревога. Нема чаре, ќе се војува. Интересите на кралството, на татковината се поголеми од Пејовите и тој се покори на таа виша сила. Тешко му беше во првите часови што се оддели од своите свински опинци, белите волнени гаќи, широката мариовска кошула, црното ќурдивче и убавото арнаутско кече, во кои алишта изгледаше како шарена страчка! но од друга страна војничките алишта му се видоа попрактични со затегнатите чакшири и блуза. Особено му се бендиса бојата како земја, та не ќе се познаваат валканиците на нив како што би се познавале на белите мариовски алишта. Дотеран така почувствува и гордост. Оти тој Пејо Јовановиќ