itarpejo.org
Груништа (Grunista) – Битолско Мариово | Mariovo - Itar Pejo
Село Груништа се наоѓа на десната страна на Црна Река, на надморска висина од 742 м, 52 км од Битола. Во Груништа егзистираат две цркви, Св. Димитрија и Св. Петка.Црквата Св. Димитрија е изградена 1860 година. Претходно во неколку наврати месното население се обидело да ја изгради, но истата била туркана од турските власти. До црквата има изградено камена камбанарија, а во рамките на црквата се и селските гробишта, каде се закопани српски и бугарски војници од Првата светска војна.Црквата "Света Петка,, изградена е 1925 година од извесен Ристе Венин, кој на влезот на црквата поставил спомен плоча, која и денес се наоѓа на истото место. Во црквата има извор со вода, за кого месното население верува дека е света - лековита вода. За време на Првата светска војна, ова село се наоѓало на Солунскиот фронт и тука се одвивала познатата битка за Грунишки Вис. Грунишки From Груништа, Битолско Мариово Вис бил запоседнат од бугарската војска како стратешко место. Бугарите