itarpejo.org
Гробот на Толе Паша во село Крушевица | Mariovo - Itar Pejo
Толе Паша (Стојан Кулески или Стојан Трајков Куликов) бил роден во 1868 година во село Крушевица. Тој бил војвода од Мариово и член на ТМОРО. Прочитајте повеќе: Роман Толе Паша од Стале Попов (Том 1 и Том 2) Пред создавањето на Организацијата Толе Паша дејствувал како ајдутски војвода, а од 1900 година бил дел од четата на Мирче Ацев. Подоцна бил назначен за војвода и учествувал во Илинденското востание. Цел на неговата чета бил напад на турскиот воен гарнизон во селото Витолиште. Загинал на 3 февруари 1904 година во месноста Кленов Дол во близина на село Гуѓаково, заедно со својот син Велјан и осум други четници.Моштите на загинатите комити во 2001 година се пренесени во заеднички гроб во селските гробишта во Крушевица.