itarpejo.org
Горна црква село Старавина, Мариово | Mariovo - Itar Pejo
Според кажувањата на локалното население, оваа црква била градена од српската власт по Првата светска војна, со намера подрумот од истата да послужи како костурница за загинатите српски војници на овој дел од Македонскиот фронт. На сликата може да се забележи бетонска конструкција пред црквата – остаток од бунер од Првата светска војна. Имено, во близина на селата Будимирци и Груниште, има голем број на гробови од Српската војска, на кои по војната со повторното обработување на земјата, полека им се губел трагот.Познато е дека за време на Првата светска војна, Српската војска била стационирана на овој дел од фронтот и некои од позначајните битки се случиле токму во регионот Мариово. Битките за Кајмакчалан, Добро Поле, Грунишки Вис итн, биле битки во кои голем број на војници ги дале своите животи, претежно од српската и бугарската војска, во кои од двете страни имало и присилно регрутирани војници од Македонија. Фронтовата линија врвела и низ село Старавина и може да се каже