itarpejo.org
Галиште (Galiste) село во Тиквешко Мариово | Mariovo - Itar Pejo
Галиште е веќе раселена населба, се наоѓа на крајот од југозападниот дел на територијата на Општината Кавадарци, чиј атар, во Мариовската област, се допира со територијата на Општината Витолиште. Селото е планинско, на надморска височина од 740 метри. Од градот Кавадарци, населбата е оддалечена 31 км. Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 52,1 км2. На него доминираат шумите на површината од 4.011,7 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 155,3 ха, а на пасиштата само 16,7 ха. Во основа, селото има полјоделско - шумарска функција. Во постаро време населбата била веројатно поместена, бидејќи недалеку од Галиште постои црква "Св. Атанас", за којашто се претпоставува дека била изградена при крајот на XVII век. Селска слава: Св. Атанасиј Велики (31 Јануари – зимен) Број на жители по години: СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ за Мариовската нахија во Име на селото Галишта Дефтер бр. 4 од 1476/77 Хане 4 Неженети Вдовици Годиш.