itarpejo.org
Пројо ќe ope, Руишд-ага ќe јаде! – лаги, смешки, хумор од Мариово | Mariovo - Itar Pejo
Имало еден Пројо од Маријово. Била некоја гладна година, малко леб имало, и Пројо се чудил, чудил, како да ји израни децата? Отиде при Рушид-ага ву Кавадаречко, и му вика: "Аман, Рушид-аго, аман да речем! Една нива сум ја изорал на пет рала, ама семе немам да ја посејам! Ти се молам, да ми дајиш двајесет бучука семе, да ја по сејам нивата; што ќe се роди, упола ќe делиме". И Рушид-ага му дал двајесет бучука жито. А Пројо си го појаде со децата житото!Дојда марта месец, и го пита Рушид-ага: "Е, Пројо, како је пченицата што ја сејаме заједничката ?" А Пројо му веле: "Арно, аго, арно! Господ од лошо само да ја чува, .има једен амбар да нап'ниме!"Дојда мај месец, а Пројо го стра од Рушид-ага, да му кажи, оти ја изеде пченицата. Тераја, тераја. Рушид-ага немаше деца, челад немаше. И оде Пројо при негов ќаја и му вика на ќајата: "Јаз си ја изедо пченицата зимоска; децата си израни. Ами, како да му кажиме сега на Рушид-ага, ќe ме отепа! Па 'вије му веле: "Сега је бегот на голем