itarpejo.org
Дуње (Dunje) – Прилепско Мариово | Mariovo - Itar Pejo
Дуње се наоѓа на северозападната страна на прилепскиот дел на областа Мариово, во рамките на Општина Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 29 км. Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 43,8 км2. Ha него пасиштата заземаат површина од 2.487 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 1.339,1 ха, а на шумите само 15,6 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција. Во него работи основно училиште до IV одделение, има пошта, земјоделска задруга и продавница. Како, впрочем, од многу села во Мариово, така и од Дуње се иселил значителен број од населението. Селска слава: Митровден - Свети Великомаченик Димитрија (8 Ноември) Панорама (Отвори цел екран) Број на жители по години: СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ за Мариовската нахија во Име на селото Дуње Дефтер бр. 4 од 1476/77 Хане 13 Неженети 1 Вдовици Годиш. приход 920 Дефтер бр. 16 од1481/82 Хане