itarpejo.org
Приказна за деца сираци од Македонија и Србија испратени на школување во Англија | Mariovo - Itar Pejo
Завршувањето на Првата светска војна не значеше крај за проблемите на населението во Македонија. Војната остави зад себе огромен број на жртви, пустош, беда, сиромаштија и огромен број на деца без родители, за кои што ваквата ситуација била особено погубна. Со намера за ублажување на катастрофата, сојузничките војски и понудиле најразлична помош на тогашна Србија (во чиј склоп била и Вардарска Македонија). Една од иницијативите била да се испратат групи од по 100 деца на школување во Англија, кои по завршувањето на нивното школување требало да се вратат повторно во Србија. На овој начин би се ублажила трагедијата која ги снашла овие деца, а Србија би добила квалитетно образование за дел од својата млада популација. Во период кога Европа се опоравувала од војната, самиот превоз на децата до Англија бил ризичен потфат, пред се поради епидемијата на Шпанска треска која владеела во тој период. Во оваа публикација е пренесена приказната на една таква група, во која имало деца од Битола и