itarpejo.org
Чумата како пакосна болест во мариовскиот крај – предание од Мариово | Mariovo - Itar Pejo
Оваа болест која долго останала во сеќавањата на жителите на овој крај поради својата свирепост, пустош и пакост што правела каде што ќе зафатела, луѓето живо се сеќаваат на цели фамилии кои изумреле, на фамилии кои за секојпат го напуштиле своето родно огниште и бегале пред налетот нејзин, дури се спомнува селидба на цели села како што е примерот со селото Чумово кое неколку пати се селело, бегало нагоре за да се скрие во пазувите на Селечка Планина, и кое по таа болест и го добило и самото име. Ако се сетело да се разболи стоката од чума таа одма пцовисувала, a се препознавала по тоа што од едната страна целата била помодрена, што било сигурен знак дека е чума За да се искоренела или избркала чумата селаните од тоа село одма повикувале двајца браќа близнаци и спрегнувале два вола браќа и со рало со една бразда го заорувале целото село со тоа мислеле дека не ќе може да влегува во нивното село повеќе чумата, како по стоката така и по луѓето, а и секој петок се постело како