itarpejo.org
ЧИЧОК – ARTIUM LAPPA (ЧИЧКА, ЛЕПИЛКА) | Mariovo - Itar Pejo
Чичок е двегодишно или повеќегодишно растение со разгрането стебло високо до 1.5 метар, има големи лисја, тркалезно јајчести. Цветовите имаат црвенкаво-виолетова боја, големи се и топчести и се на врвот на билка. По созревањето, билката лесно се лепи по алиштата на човекот или на животните.Чичокот расте покрај патишта, шуми, населби и на други места. УПОТРЕБА:За лек се користи исушен корен , лист или семе. коренот во вид на чај се употребува како средство за потење поради што се дава при висока температура, при грип и настинка. исто така се употребува и како чај против камен и песок, инфекции во бубрезите и мочните патишта, за болки во желудникот и цревата, жолчка и црн дроб, ревматски болки, ишијас, гихт и артритис, габични и бактериски инфекции.Билката содржи ситостерион кој е добар при хипертрофија на простата. Надворешно се употребува при кожни болести, рани, егземи, псоријаза и против опаѓање на косата. Преземено од книгата:"Лековити растенија - Ваш чудесен