itarpejo.org
Св. Спас – Манастир Чебрен | Mariovo - Itar Pejo
Црквата св. Спас во близина на манастирскиот комплекс Чебрен е мала еднокорабна црква ( 6,30 х 4,30 м.) со полукружна апсида на исток и влез во наосот на запад . Градена е од обичен речен камен со врзиво од варов малтер. Внатрешноста е поделена со дрвена олтарна преграда на два дела . Сите четири ѕидови од наосот и олтарниот простор се живописани во фреско техника. Според досегашните сознанија и стручната литература фреските се датирани во 16 век. Нивната сочувана површина изнесува околу 60м2. Панорама - од лево на десно - Црна Река, Св. Димитриј, Св. Спас. Кликнете за зголемена фотографија