itarpejo.org
ЧЕМЕР – GENTIANA LUTEA (ЛИНЦУРА) | Mariovo - Itar Pejo
Чемерот е повеќегодишно зељесто растение со цврсто и високо стебло високо до 1,5 метар. коренот е мошне развиен, лисјата се наспротни, јајчесто елиптични на врвот остри. Цветовите се жолти и целата билка е многу убава. Расте на планини, над 2000 метри надморска висина, на суви места, а во последно време и во исчезнување. * УПОТРЕБА:За лек се користи коренот. Чемерот содржи горчливи материи, алкалоиди, шеќери, пектин и др. коренот од чемер се користи за зајакнување на апетитот, закрепнување на организмот, го зголемува бројот на црвените крвни зрнца, за висока температура, треска, стомачни болести, за анорексија, за стомачни жлезди. НАЧИН НА УПОТРЕБА:50 грама корен од чемер добро исецкан се става во 1 литар ракија, стои затворено 7 до 10 дена, потоа се процедува и се пие по 1 мала чашка 3 пати на ден. Чајот од чемер се кисни повеќе од 4 часа. За истите цели се користи чај од надземен дел на модри линцури:1. Gentiana Cruciata,2. Gentiana Asclepiadea,3. Gentiana Verna,4. Gentiana