itarpejo.org
Брат против брат на Македонскиот фронт за време на ПСВ | Mariovo - Itar Pejo
Извадок од книгата "Крпен живот" од Стале Попов ...Дедот Петко Беренџев од Старавина имаше два сина. Едниот на 28, а другиот на 31 година. Токму момци навреме. Во 1914 година беа мобилизирани од Србите и двајцата отидоа на австрискиот фронт. Се бореа што се бореа, Митре ја помина Албанија, а Петрета го заробија Австријците и од Надмеѓар, како "б'лгарин от Македонија" го испратија во Бугарија и по смирувањето на Романија, се најде во II тракиска дивизија на Солунскиот фронт, во синорот на неговото село Старавина — Соколот. Митре, пак, го преброди Крф, излежа еден тифус и се приброја кон IV чета од 21 пешадиски полк на Југословенската дивизија. И каде ќе го пратат неговиот полк на позиција? Се разбира, на Соколот над Старавина. Митре служи во српската војска на Соколот, на доглед на својата куќа, на своето село, а ништо не знае за своите, а уште помалку дека брат му Петре стои против него, на дваесетина триесет метри во бугарските окопи.Секој ден ги гледа Митре