itarpejo.org
Бешиште (Besiste) – Прилепско Мариово | Mariovo - Itar Pejo
Бешиште се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општината Витолиште, во ридско -планинскиот дел на прилепско Мариово, од десната страна на Црна Река. Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 43 км. Има мошне голем атар, којшто зафаќа простор од 67,1 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 1.700.8 ха, пасиштата заземаат површина од 2.867.8 ха, а на шумите отпаѓаат 2.038 ха. Селото има мешовита земјоделска функција. Во Бешиште е изградена средновековна црква "Св. Параскева". Таа била живописана во 1884 година, но не е познато точно кога била изградена. Во селото има земјоделска задруга, дом на културата и продавници. Бешиште била голема населба, но емиграцијата го сторила своето, односно, тоа станало мало село. Селска слава: Преподобна Параскева (Петковден) - 27 Октомври Потекло на името: Број на жители по години: СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ за Мариовската нахија во