itarpejo.org
АЛИ HE ТИ Ε ЖАЛ – епска песна | Mariovo - Itar Pejo
Али не ти е жал за твојата мајка, Јоване бре, војводо бре? Мојата мајка шуплива бука, другари бре! Али не ти е жал за твојата жена, Јоване бре, војводо бре? Мојата жена куса малиќера, другари бре! Али не ти е жал за твоите деца, Јоване бре, војводо бре? Моите деца ситни куршуми, другари бре;каде да ги пратам работа вршат, другари бре!.Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦАМАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВОАвтор: БОЖО СТЕФАНОВСКИИздавач: БИГОСС – СкопјеСКОПЈЕ 1995Лице од кое е забележана песната: Менка Марчевска, родена 1912 година во с. Будимирци, омажена во с. Петалино а премажена во с. Груниште; тогаш (1953) таа имаше 41 година. Вид на песна: комитска