itarpejo.org
ЃОРЃИ ЛАЖОТ И ЌУЧУК СУЛЕЈМАН – епска песна | Mariovo - Itar Pejo
Испадна Ќучук Сулејман, Ќучук Сулејман качак да оди, пари да збира село Долнени, на село да седи кафе да пие. Та што ми појде во град Битола, во град Битола, кај валијата, имза да даде, имза да земе: Што ќе утепа, да не се бара, кој ќе го убие, да не го барајат. Та ми отиде Дренско, Смоленско, та ми ги собра сите дреновчани, сите дреновчани и сите смоленчани, та ми ги мачи и ми ги суди, вршник на глава,море, му клава, вршник на глава, спици под нокти, та ми ги пита и распитва: "Дали ви текнува зошто ве мачам? Да ми зберете триста ока маст, да ми зберете триста ока мед, да ги занесете во града Прилепа, за да ги јадат моите деца. " Бог да го убие Иљо Дреновчанче, тој ми отиде во града Прилепа да ми го бара тој Ѓорѓи Лажот, тој Горѓи Лажот и Црни Аце. Та си ги нашол и вака им вели: "Горѓи бре Лажот, и ти, Црни Ацо, дерман немаме од Ќучук Сулејман." Тогај изговори Ѓорги бре Лажот: "Лесно ќе ја биде и таја работа!" Пари ми собра тој Ѓорѓи Лажот, сос нив си купи до две манзерки, та ми