itarpejo.org
СУЕВЕРИЈА | Mariovo - Itar Pejo
Μариовскиот селанец е мошне многу суеверен. Вампири, самовили, зли духови и слични натприродни суштества царуваат и денес во неговата фантазија. Тие ја возбудуваат неговата душа и кај него предизвикуваат силен впечаток. Тој верува во тие демони наполно и за да си ги претстави, така да се каже, во поконкретна форма се обидува нивното постоење да го поврзе со практичните цели на животот. Карактеристично за тие верувања е што селанецот во духовите гледа сили коишто дејствуваат само според желбата на Бога. Таквото однесување кон задачите на духовниот живот, без сомнение, претставува отклонување од вистинската христијанска вера. Таквиот вид на верување добива карактер на многубоштво! Селаните дури и кога формално исповедаат еден Господ, тие имаат слаба претстава за него и не се добри, вистински христијани. Во црква одат само 1-2 пати во годината, a се причествуваат едвај еднаш на четири години. Оттаму произлегува околноста што тие имаат слаба, сосема слаба претстава за своите морални