itarpejo.org
Пословичноста на мариовскиот говор | Mariovo - Itar Pejo
Еден битен белег во раскажувањето на Стале Попов е неговата пословичност, присутна особено во говорот или размислувањето на личностите. Пословиците се мошне функционално употребени; тие ја прошируваат и ја збогатуваат смислата на кажувањето, го оживуваат со народната мудрост и го прават посликовито, повпечатливо. Еве само еден дел од нив, кои прозвучуваат како оригинален напор на авторот во дозбогатувањето на веќе богатиот народен мариовски говор: "Ѓаволот ни ора ни копа, со луѓето џумбус си прави"; "Влачиш в'на со умот"; "Човек од магаре паѓа пак починува"; "Ако сме црни - не сме Ѓупци"; "Жеден коњ матна вода не гледа"; "Co секаква секаде - со никаква никаде"; "Ако на некој не му се стемни, на друг нема да му се "осамне"; "Нашите вдовци нека не дремат како ќос на јајца"; "Умрените не станваа, а живите сака да живеат"; "Секој петел на свое бунишче пее"; "Во тебе е оревот, во тебе е каменот"; "Кога се раѓа женско, и стреите плачат"; "В'кот сам ако не си а брка работата, не бидува