itarpejo.org
Мариовската куќа | Mariovo - Itar Pejo
Ѕидана е од камен, што е сосема разбирливо, немалтерисана е ни однадвор, ни одвнатре, од една просторија е, без душеме, со две врати: една голема на средината од едниот ѕид и друга мала, колку за човек да помине, на средината од спротивниот ѕид. Просторијата е поделена на два дела со долга греда испружена наземи на средината, од едниот до другиот ѕид и се вика долно било. Нагоре од билото е горни крај, за живеење на луѓето, а надолу - долни крај - за живеење на домашните животни. Затоа овој дел се вика и пондила. На горни крај спружена е друга греда, горно било, за седење на гостите; тука е тланикот, подѕидок покрај ѕидот, за секојдневно седење на домашните луѓе. На средината од горни крај е ископана четвртаста дупка, од страните опточена со камени плочи. Тоа е огништето во кое се "вали" оган, на кој се пече леб, погача, булиња, се вари манџа, се топли вода и се грејат домашните во зима. Од десната страна на огништето е машкиот кат, а од левата - женскиот. На машкиот кат се оставаат