itarpejo.org
ИТАР ПЕЈО ДЕМОБИЛИЗИРАН – смешки и шеги | Mariovo - Itar Pejo
Се скина Солунскиот фронт на Добро Поле и "храбрата бугарска армија" со трчанка се разотиде по сите краишта на отечеството. Сите бегаа на исток, па и Пеја наш го фати бранот и тој од Беласица зачас прескокна преку Петрич и Џумаја и се најде во столицата Софија. Се провртка, се протутка во часта дури даваа леб и манџа, ама еден ден им го соопштија "превисочајшиот" указ од новото царче Бориса, со кој указ се ослободуваат од војничката клетва т.е. се демобилизираат сите војници, и слободни се да си одат кој каде сака. Патриотите од Македонија што не сакаат да се вратат по своите домови и да им робуваат на Србите, можат да останат во отечеството, но да си најдат работа, оти војничките казани и фурни престануваат да работат. Пејо отпрвен се израдува на оваа блага вест, но кога му рекоа да ги соблече војничките панталони, се зачуди што ќе облече. А ојде и ручек, но трубата не засвире за леб и манџа. — Хм, хм! се замисли нашиот Пејо и се фати за глава: "Фронт — фронт, ама барем за ова