itarpejo.org
Значајни карактеристики на орото | Mariovo - Itar Pejo
Орото има централно место во целокупниот психо-социјален живот на Мариовците. Таму, на орото доаѓало до израз целокупното фолклорно богатство. На орото се прикажувале не само музичките способности на гајдарциите и ораџиите посебно на ороводците, туку и на вредните везилки, ткаачки, шивачки и се друго што било потребно за да се изгледа - ќе се речело што убаво изгледа, што убаво е облечен и дотеран. Тука се докажувала убавината, вештината, способноста, машкоста, доминацијата. Тука се избирале идните невести и зетови, се изразувале симпатии, се намигнувало се надигрувало, се кршело по некое брчало, имало и по некоја шлаканица, а можело поретко и поозбилно нешто да се случи. Во Витолиште на средсело се виеле повеќе танци, во постаро време одделно машки одделно женски, a пo крајот жените нафатени за појас пееле Велигденски песни со бавно и постепено движење. Најпознати ора што се играат во Витолиште се: За рамо (тешкото), Арнаутското, Куцаното, Повраќаното, Двапати заднога (жените