itarpejo.org
Жена и добиток не умират од ќотек, ама лош саат се погоди! – лаги, смешки, хумор од Мариово | Mariovo - Itar Pejo
Чоек секој пат жена и добиток ќe удира, ќe тепа, ќe мава колко што може, и тија не умират од ќотекот! Ама једен саат ќe се погоди лош, и ќe таксират, ќe да страда! Во двајесе четири саата има једен саат лош, нестреќан. И ако прајиш нешто на тој саат, веднеш ќe се напраји зијан. Тој саат не можеме да го знајеме; а да го знаје, чоек ќe се чува, да не страда на лош саат.Ѓоа неје лага! Се прикажује, вистина да је било во Маријово. Једен чоек и жена во Галишта зеле да ја вршат бројаница. Оној чоек го врши бројаница на гумното со волови, а онаја жена си работила домашната работа. Тако работиле, работиле. Ама около пладне зело времето да се натурли, за дож да врне. И свикал на жаната тој маж: "Ајде, мори, жено! Што прајиш? Се натурли времето, ќe врне!" Онаја жена уште работи тамо, работи и не оди на гумно, оти си има работа. И оној маж се налути на жената, го измакна стежеро од гумното и се намана на жената десетина пати! На грешка беше тоа; неје сакал да ја отепа, мало ја удрил, ама ѓаволо