souldiary

За утре, за секогаш.

Кога мрак ќе ти ја обвие душата и ќе ти го згрчи грлото, кога ќе бидеш долу во калта и ќе сакаш да се удавиш во неа… погледни нагоре… таму ќе бидам јас…Ќе ти бидам ѕвезда на небото, ќе го отерам мракот со еден поглед, ќе те кренам од калта со ѕвезден прав и ќе те измијам со љубов. Да, ќе бидам ѕвезда, која во најтемните ноќи ќе ти дари ронка надеж да живееш, да продолжиш.

Можам и без тебе

Тонам во сонови, негирајќи вистини. тонам во љубови, речиси избледени.

Само спомени нагризуваат. спомени од едно време, спомени од вчера.

Сонови полни надеж, да се удавам во твојот поглед смел. 

Мине лето, дур трепнеш минал живот цел, 

мислам на тебе и го барам твојот глас

кој го буди сиот трепет за нас.

Лажам, пак лажам.

го кријам љубоморно секој спомен наш.

Се прашувам каде си, секој час

се прашувам дали ќе ти чујам глас, 

да те прашам само како си

и дали мислиш на нас…

Heartbeat

As I look in the moon at midnight,
and as I gaze in the bright blue sky
I come to terms with the universe.
I understand how little am I,
I understand how important am I.
It’s not easy to be ant in this big big world,
but it does not make you any less important,
we are, every single one of us, part of the moving force
and everything in this world depends of us.
We are nothing compared to the endless universe,
but the universe is our home, our force, our heartbeat
it takes just one gaze in the sky, to give me all the peace I need in my soul.

Ден 4

На тебе мислам и кога не мислам. Се прашувам до кога ќе трае ова, а одговор нема, ми се чини бесконечно. Бесконечно ќе ја имам тагава во мене, за сите нешта не кажани, сите зла кажани и направени, за се што нема да доживееме, за среќата која немарно ја изгубивме негде по патот, а можеби не ја ни најдовме. Може тоа беше некој фалсификат, лажна среќа…
Од навика, неколку пати си реков да му се јавам, се штрекнав, се освестив. 

Смрт за илузиите

Секојдневно, веќе со месеци, потсвесно слушам еден глас. Се појасно ми кажува да го пуштам, да се ослободам од стегите. Ми кажува, љубовта која ќе те исполни целосно ќе дојде еден ден, оваа љубов која те тера да се качуваш по брда и планини, а потоа во провалија те бутка не е за тебе. Оваа љубов рани создава, ти го кине срцето ден по ден, потоа ги затскрива раните, без вистински да ги излечи.

Оваа љубов не е способна да те излечи. Како вирус ти го има заразено телото и полека ти ништи атоми, еден по еден. Уклучи ги антителата, уништи го вирусот мила, ми вели потсвеста.

Ја давам потсвеста, во морето од надежи и илузии. Ја давам, сакам да ја нема. Измислувам приказни дека со сатаната има заговор да ми ја уништи среќата. Всушност, јас среќа немам.

Ја давам, а таа ме тера да ја гледам право во очи. Вистината е во нејзините очи, а реалноста е само една инлузија. Ја стискам долу, но таа не пропаѓа, се посилна се враќа.

Раните и болките нејзе ја прават посилна, а мене во бездна ме однесоа.

Таа ме држи, ме држи жива, ми дава инекции љубов.

Таа ме држи, ме држи свесна, со мегафон на уво ми кажува да се искачам на планината сама, без товар на мене и гласно да викам дур не се почуствувам жива.

Таа ме држи, ме држи в преграти, кога ноќта е студена и темна.

Таа ме учи, дека се што имаме може во секунда да изгубиме и се што ќе имаме не е во суштина наше.

Мое е само моето срце, мојата душа, моето тело. Мојата потсвест го знае тоа, затоа себично ги чува и до последен здив ќе се бори за нивната светост.