natochak

Ламба за точакољупците :)

Доколку сакате велосипеди, и/или поседувате некој стар велосипед на кој светлото веќе не му работи, не се разочарувајте, има супер начин како може да го искористите.

Идејата е едноставна, и ќе сфатите се од фотографиите подолу

Го сакаме Скопје НаТочак! | We love Skopje on bikes!

Нашата љубов кон #НаТочак и екипата која ја иницираше критичната маса во Скопје почна од првиот момент кога слушнавме за оваа убава иницијатива :) Веќе знаете, сакаме лежерно Скопје, сакаме насмеани луѓе, а оваа иницијатива за што поголемо вклучување на велосипедите на скопските улици ни ги спои овие две работи на едно место. Почнаа пред две години со едвај стотина луѓе, а вчера заедно го прославивме вториот роденден со илјадници! :)

Среќни сме што можеме да бидеме барем мал дел од Критичната Маса, пресреќни сме што НаТочак постои во Скопје [а и Тетово, Гостивар, Кочани, Битола, Прилеп… :)], најсреќни сме кога гледаме дека нешто толку позитивно, изградено од љубов ги освојува улиците. 

Вчера возевме низ улиците на Центар и Аеродром, а завршивме во градскиот парк каде повеќе од илјада велосипеди се вивнаа во воздух да го означат крајот на критичната маса. Потоа заедно прославивме со звуците на Палиндром, Лајтмотив, Шутка Рома Рап и Диџеј Чваре, додека на столбовите беа изложени сите постери за критичните маси од минатата година креирани од македонски дизајнери.

Дечки и девојки точакољупци, вие сте нашите лежерни херои! :)

Погледнете дел од вчерашните славеници:

English translation at the end of this post.

Keep reading

Критична маса #15 | Critical Mass #15

Вчера се одржа 15-та критична маса во Скопје на која повторно, по роденденската, ризикувавме со апарат да возиме точак :D

Овој пат во име на возењето примерно и по прописи, возевме низ Буњаковец, Капиштец, Козле, Тафталиџе 2 и назад до Центар пред Универзалната Сала каде ги кренавме точаците да го одбележиме крајот. Таму нè пречекаа и дечките од Вело Кафе кои се интересна новина во градот, а нивното подвижно кафе најчесто ќе го најдете околу улица Македонија :)

Повеќе фотки може да видите во албумот на нашата фејсбук страна.

English translation at the end of the post.

Keep reading