mutour2013

5 причини заради кои Вејн Руни не е задоволен и сака да го напушти клубот

Вејн Руни без дилема е еден од најдобрите играчи во Премиер Лигата во последните години, но сеуште неговото одење од Олд Трафорд е неизвесно, тоа го потврдува денешната изјава на Мојс на прес-конференцијата во Сиднеј:
“Нема да му дозволам на Руни или било кој друг играч да помисли дека е поголем од клубот”.

Ова се 5 причини заради кои Руни не е задоволен и сака да го напушти клубот:

1. Навивачите:
Руни може да се каже дека веќе не е омилен играч меѓу навивачите и многу го гледаат како играч за кој мора да игра во Манчестер Јунајтед, и дека не ја покажува љубовта спрема клубот. Кога се шпекулираше дека Руни ќе се пресели во Манчестер Сити во 2010 година изгуби многу фанови. Оганот се запали кога Фергусон изјави дека Руни повторно сака да си оди оваа година.

2. После напуштањето на Роналдо, помисли дека е главен:
Руни со Роналдо беше во одлични односи и добро се слагаа на теренот. Во периодот помеѓу 2004 и 2009 година Руни постигна 97 гола, а Роналдо 112 гола за Манчестер Јунајтед. Руни знаеше дека до Роналдо неможе да биде главна ѕвезда во тимот. Во периодот кога Роналдо си замина Руни стана главна алка на играта на Јунајтед, се додека не дојде Робин Ван Перси кој што го стави во сенка.

3. Нов предизвик:
После 10 години, Руни веројатно посакува нов предизвик, кој ќе го мотивира за повторно да пружа партии игра и голови на високо ниво.

4. Несогласноста со Дејвид Мојс:
Руни и Мојс имаат темно минато. Во автобиографската книга на Руни “My Story So Far” кој ја објави во 2006 година го спомна Дејвид Мојс во негативна смисла. Мојс нема да го трпи незадоволниот Руни, кој не го пружа максимумот во тимот, така да шансите за напуштање на клубот се големи.

5. Неможе да се врати поверењето:
Руни тешко ќе го врати авторитетот кај навивачите ако остане. На парадата каде што се прославуваше 20 титула во Премиер Лигата, Руни беше исвиркан од страна на навивачите, и веројатно сега осеќа дека нема да може да го врати поверењето од навивачите.

Ова се само 5 причини кои сигурно се вртат во главата на Руни, бидејќи се точни. Но според она што Мојс изјави на првата прес-конференција одкога стана официјално менаџер на Манчестер Јунајтед, тимот несака да го продаде Вејн затоа што сеуште тој е еден од клучните играчи, но ако Вејн настојува и несака да остане во тимот, тогаш сигурно Мојс или било кој друг нема да моли.


ЕДЕН ИГРАЧ НЕ Е ПОГОЛЕМ ОД КЛУБОТ, ако заминеш СО СРЕЌА! Фала ти за се што стори за Манчестер Јунајтед. Но не заборавај дека може да те прати иста “среќа” како со Роналдо, да освојуваш многу помалце во друг тим, одколку тука!!!