makedonski

кога ќе ти погледнам во душа.

Се е така едноставно кога ќе те погледнам во очи, сета хаотичност од нашите зборови и постапки исчезнува. Сите наши стравови, лутини, препирања…едноставно исчезнуваат. Колку е убав светот кога ќе те погледнам во очи.

Болка.

..беше тоа што јас го почуствував оној момент кога ти ми заби нож в грб. Го почуствував твоето предавство длабоко во моите коски. Оствави белег вреден за 1000 борби. Но, она што ме дотолчи беше фактот дека јас бев единствената која ти пружаше подршка , кога сите останати ти вртеа грб.

Фала, е единственото што можам да ти го речам во моментот. Фала за лагите , кои се нижеа со секој нов изустен збор од твојата уста. Фала за незаборавните моменти кои ми ги пружи, кои впрочем беа само еднострани. Фала за болката која ми е нанесе во текот на овој прекрасен период на тага и страдање. И уште еднаш фала за што бар на момент, иако лажно, се почуствував сакано.

Само ке те замолам едно нешто, оној ден кога ке се свртиш назад и фрлиш поглед на сите оние работи кои ги направив за тебе , и ако бар за тронка добиеш желба да споделиш некој збор со мене, НЕМОЈ: Бидејки, јас, тогаш ке ти речам ‘‘ Извини како ти беше името?‘‘ . А твојот поглед ќе го удри подот , додека спомените ке почнат да навираат.

И да, Karma’s a bitch.

Osim o tebi

Pjesme treba pisati o ljudima što putuju svijetom

Sabiruć’ historiju u memoar ili je prosto žive

Zatvarajući oči na mjestima na kojima je

Jahao Aleksandar Makedonski ili možda

Kleopatra

Spuštala svoje tabane.


Pjesme treba pisati o zidinama

Onima koje su srušili tenkovi ili ljudski pogledi

O svakoj prostoriji u kojoj je čovjek

Osjetio strah a nije se savio

Jer su kosti jače od baruta.


Pjesme treba pisati o robijama

O dvije metalne rešetke, prozoru međ’ njima

O pogledu koji kroz taj prozor kači konopce za nebo

I penje se

Tamo gdje sve izgleda bolje nego što jest’.


Pjesme treba pisati o tišinama

Jedino se ćutnje ne mogu opisati riječima ali

Treba probati.

Pisati pjesme o trenutku kada mrak postaje svjetlo

O modrim venama što se naziru kroz

Ispucalu kožu.

O nesanicama

O svakom košmaru kojeg donesu kazaljke

Pisati o ustajaloj posteljini i 

Praznim frižiderima


Pjesme treba pisati o agonijama

O beskućnicima što spaljuju

Poeziju Bjenkovskog

Da bi zagrijali dlanove i dočekali jutro.

Pisati o smrznutim pticama

Napuštenim kerovima lutalicama i

Napuštenim ljudima.


Pjesme treba pisati o svemu

Osim o tebi.

не прашувај.

Еве го пред мене, ме прашува, а јас немо стојам. Одговори милион, но ниту збор.

Од каде да почнам? Зашто не би биле пак ние?

Зошто бевме ужасни, колку и да се сакавме, бевме ужасни.

Деструктивни, еден за друг, не мрднавме од една точка.

Што би било сега? Дојде кога веќе престанав да го сакам.

Да ја отфрлам сегашноста за што? Да бркам дух од минатото? Да трчам пак кон нешто што трчав милион и еднаш  и секој пат разочарано, со подвиткан опаш се затварав во соба и тивко плачев, а некогаш и липтав. Зависи колкава беше раната, но да, рана секогаш имаше.

Се сакавме ние, тоа не е спорно. Деца бевме, ти дете остана. Бевме лудо горди, затоа не бевме среќни. Гордоста ја убива љубовта, не уби нас, не столчи. Ситна прашина, песок… нешто што го животот како ветрец го разлетува.

Тоа сме ние сега, некое купче од спомени. Сега е  ’’јас и ти‘‘ , а ’’ние‘‘ сме секогаш некоја горчлива приказна. Не припраѓаме заедно, не барај од мене да почнеме од почеток, да оставиме се под нас, да се издигнеме над сето тоа.

Таа планина од спомени е горчлива, можам да се издигнам, но неможам да лебдам над неа. Дел од мене секогаш ќе ја допира, секогаш дел од мене ќе биде огорчен. Ти затру еден дел од срцето мое, делот што ти припаѓаше тебе..Оди сега, не барај ме, остави не во минатото каде припаѓаме.

Ја сум борец, борец за љубовта. Признавам, не сум ангел, најмногу се борам со сама себе. Но за тебе? За тебе се борев со секој атом во мене, до последна сила, се борев и кога веќе борбата беше завршена, изгубена. Ставив крај, а знаеш, на работите еднаш ставам точка, а на тебе од дамна ставив.

Денес, после рушењето на мостовите, се откажувам од:

1. Твојот телефонски број. Го бришам, не постои. Иако го знам на памет, нема да го имам веќе затоа што нема да го употребам никогаш.

2. Твојата адреса. Ќе ја заборавам, нема да ми е цел веќе никогаш, па нема ни да ја имам на врв на јазик. А и диспечерките наскоро ќе ја заборават дестинацијата од мене до тебе.

3. Се откажувам од твојата структура на коски, мускули и кожа, од знаењето каде да се вклопам и вдлабнатините во кои ја одмарав главата. Се откажувам и од правото да те допрам без дозвола. Сега си е само твое телото и давај го кому сакаш.

4. И од твојата рака се откажувам, како и од твојот џеб. Бутај чиви раце и да посакаш во твоите џебови. Исто бутај ги и твоите раце каде и да сакаш, подавај ја раката кому и да ти дојде. Држи чиви и да посакаш раце.

5. Откажана е иднината. Сите родендени на кои нема да отидеме или вина што нема да ги испиеме. Немој да се сеќаваш на мене кога ќе бидеш таму каде што се договаравме (не дека вака ќе се убиеше од сеќавање). Исто така од сите планови, патувањата или од подарокот што сакав да ти го спремав.

6. Со ова се откажувам и од сите други работи кои не ти ги кажав или подарив. Премолчените „те сакам“ и „те мразам“.

7. Ги откажувам сите објаснувања во мојава глава, сите очекувања од тебе, целата надеж.

8. Се откажувам од тоа да мислам на тебе, од сочувството, од грижата дали денес пак си заборавил да јадеш.

9. Го откажувам минатото, спомените, караниците, смеењета, ветувањата, помирувањата, плачењето. Сликите се уништени (уште нели оние во главава да ги убиеме).

10. Се откажувам од чекањето и од потрагата да во твоето лице го препознаам тој кој го засакав. Очекување и ништо. Очекување и пад. Збогум за нив.

11. Од сите хартивчиња, кино карти, мастики, бомбони, чаеви, мириси и бои. Бам! Откажани.

12. Се откажувам од вербата во нешто непостоечко, некоја никогаш остварена љубов што се измолкнала помеѓу гневот. Па така, се откажувам и од вербата дека некогаш воопшто си ме сакал, како и од тоа да ме сакаш некогаш.

13. Ја откажувам непријатноста од твоите лаги. Својствата на лагата да разорува и уништува. Се откажувам и од идните лаги твои.

14. Ја откажувам мојата лажна слика за тебе, сите ласкања и манипулации, удавени се. Откажана надеж.

15. Се откажувам од твоите гестови, од мојот наведнат поглед, од благите кафиња и плачењето во сон, од изгаснати телефони, трчање по уздолници, клупите и парковите, пишување по замаглени прозорци, попладниња, утра, празници, лоша музика, поспаност, неоснована вина, болки во градите, изненадувања, утехи, ветувања, шанси, средби, доцнења, викање од радост, или како и да е…

16. Се откажувам од нас.